Во соопштението се потсетува дека насилството на ова место, кое и двете религии го сметаат за свето, започна во мај.
Од Брзата помош соопштија дека три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а две полесни.
Болницата Хадаса во Ерусалим извесно време објави дека еден од повредените починал, а болничарите потврдија дека палестинскиот напаѓач останал мртов на местото на нападот.
Полицијата објави фотографии од импровизираното огнено оружје и нож од местото на настанот и потврди дека напаѓачот бил жител на источен Ерусалим.
Израел го окупираше Стариот град и другите делови на Источен Ерусалим за време на Блискоисточната војна во 1967 година, а подоцна го анектира тој дел од градот, но овој потег никогаш не беше меѓународно признат.
Палестинците сакаат источен Ерусалим како главен град на нивната идна држава, но Израел го смета целиот град за вечен и неделив главен град на еврејската држава.