На седницата на Комисијата за заразни болести (КЗБ) беше предложено важноста на потврдите на лицата кои поминале ковид од 45 дена да стане 180 дена.
Овие потврди служат за продолжување на рокот на пациентите кои се заразени со корона вирусот и можат да патуваат во странство или да имаат пристап до внатрешноста на нашата држава, без разлика дали не биле вакцинирани или примиле една или две дози имунизација.
Исто така, Комисијата предложи мерки за стимулирање на вакцинацијата со бустер доза бидејќи доказите покажуваат дека лицата со трета доза не завршуваат со фаталност од варијантата омикрон.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.