Поранешениот белгиски репрезентативец Раџа Наинголан беше уапсен во понеделникот во полициска акција против шверц на дрога. Наинголан е обвинет за учество во криминална организација и по сослушувањето во Брисел е пуштен со кауција, објавија неговите адвокати.

36-годишниот играч од средниот ред на белгискиот второлигаш Локерен и поранешен играч на Рома и Интер беше уапсен со уште 17 лица во голема операција на белгиската полиција против шверц на дрога.

Според неговите адвокати, Мунир и Омар Суиди, Наинголан не бил сослушан за шверц на дрога откако властите во понеделникот, во 30 претреси запленија 2,7 килограми кокаин, огнено оружје, два луксузни часовници од по 360.000 евра, накит, злато и 370.000 евра во готовина, објави белгиската национална телевизија RTBF.

Наинголан беше ослободен со кауција бидејќи бил обвинет дека е „член“ на организацијата, а не „водач“.

Судијата го прашал играчот само за сумите пари што ги дал на други луѓе, изјавија адвокатите по операцијата во која искусниот фудбалер беше осомничен дека е дел од мрежата која увезувала кокаин од Јужна Америка преку пристаништето Антверпен.

Текстот Наинголан сослушан во Брисел, со кауција е пуштен да се брани од слобода е превземен од МАКФАКС.