Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој пропушти голем дел од оваа сезона поради операција на стапалото, тренира напорно и уверен е дека подготвено ќе го дочека настапот на Австралија Опен идната година.
– Мојот план е да играм во Абу Даби во текот на декември. Потоа сакам да одиграм турнир во јануари пред Австраlија Опен и подготвен да ги дочекам настапите во Мелбурн. Напорно работам сето тоа и да се случи, изјави Надал, кој како и Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер има освоено 20 грен-слем титули во кариерата.
– Во моментов тренирам по час и половина. Тоа е навистина добро. Има и подобри и полоши денови, но согледувам сè повеќе позитивни, отколку негативни работи, додаде шпанскиот тенисер.