Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални (46) вчера изјави дека се соочува со нови обвиненија за екстремизам и тероризам кои би можеле да го стават зад решетки доживотно, пишува Ен-би-си. Навални има ново судење, а на рочиштето зборуваше преку видео врска од затвор.
Тој рече дека обвиненијата за тероризам се апсурдни и дека би можеле да го одведат во затвор на 30 години. Критичарот и противникот на рускиот претседател Владимир Путин истакна дека истражителот му рекол дека и тој ќе се соочи со одвоено судење пред воен суд под обвинение за тероризам. Тоа би можело да доведе до доживотен затвор.
„Обвинувањата имплицираат дека извршувам терористички напади додека седам во затвор“, рече Навални.