Британскиот премиер Риши Сунак на состанокот на Г-7 ќе објави помош за Украина во вредност од околу 242 милиони фунти (309,69 милиони долари). Средствата се наменети за задоволување на најитните потреби на источноевропската земја во области како што се хуманитарните и енергетските.
Ова го соопшти кабинетот на британскиот премиер.
„Мораме да бидеме одлучни и креативни во нашите напори да и помогнеме на Украина и да ставиме крај на нелегалната војна на Путин во овој критичен момент“, рече Сунак пред состанокот на Групата седум (Г-7) во Италија, што започнува денеска.
Меѓу мерките за кои разговараат Г7 и ЕУ за поддршка на Кијив е користењето на приходите од руските средства што беа замрзнати од Западот по почетокот на војната, како и давање на Украина голем почетен заем за да се гарантира финансирањето на Кијив до 2025 година.