Четворица планинари загинаа во несреќи на италијанските Алпи во неделата, соопшти планинската спасувачка служба.
Нивните фатални несреќи се случија во регионите Венето, Трентино и Пиемонт во северна Италија. Загинатите се тројца мажи и една жена.
Спасувачките служби ангажирале хеликоптери и неколку тимови во тие области. Во Рокијамелоне, во регионот Пиемонт, еден човек падна од 400 метри височина. Спасувачките екипи го извлекле неговото тело по комплицирана операција.
Во регионот Трентино 26-годишен маж загинал кога изгубил рамнотежа и паднал на 30-ина метри во бездна во коритото на реката. Во Венето маж паднал во пукнатина меѓу карпи, а во друга несреќа жена паднала додека се спуштала по планината.
Текстот На италијанските Алпи загинаа четворица планинари е превземен од МАКФАКС.