Европа се соочува со сѐ поизвесна втора последователна празнична сезона во изолација откако станува извесно дека земјите од целиот континент бележат рекорден број на инфекции со коронавирус.
Светската здравствена организација соопшти дека Европа е единствениот регион во светот каде што е зголемен бројот на смртни случаи, а неделава што изминува стапката на смртност е зголемена за пет насто.
Белгискиот премиер, Александар Де Кру, рече дека „сите сигнали за тревога се црвени“ откако воведе строги ограничувања, воведувајќи работа од дома најмалку четири дена во неделата.
Белгија има една од највисоките стапки на инфекција по глава на жител во Европа – пред неа на неславната листа се само балканските и балтичките земји, како и Австрија.
Во Австрија, бројот на случаи на коронавирус продолжува да расте откако на два милиони невакцинирани луѓе им беше наредено да останат во своите домови во понеделникот. Затоа земјата брзо премина на нова тактика – десетдневен карантин ќе важи за сите, а вакцинацијата ќе биде задолжителна.
Германија постави црн рекорд со 68.366 нови инфекции во четвртокот, што е огромен пораст од 40 насто во споредба со истиот ден минатата недела.
Канцеларката Ангела Меркел во четвртокот истакна дека Германија ќе ограничи голем дел од јавниот живот во областите каде болниците опасно брзо се полнат со пациенти, на оние кои биле вакцинирани или се заразиле со вирусот.
Чешка веќе ја следи Австрија, објавувајќи затворање на нејзините 4,25 милиони граѓани кои ја одбија вакцината. Соседна Словачка ќе воведе и построги мерки за лицата кои не се вакцинирани поради зголемувањето на бројот на новозаразени и примени во болниците кои го оптоваруваат здравствениот систем. Словачка забележа рекорден број случаи во последните денови, надминувајќи 8.000 во вторникот, а претходно оваа недела соопшти дека има само уште неколку кревети во единиците за интензивна нега.
Португалија, иако една од земјите со највисока стапка на вакцинација, размислува и за нови ограничувања за да се спротивстави на ширењето на епидемијата на Ковид-19 и рекордниот број на нови случаи и хоспитализации од почетокот на учебната година.
„Неопходно е да се одреди какви мерки се потребни за да се спречи скок на бројот на пациенти“, изјави владината портпаролка Маријана Виеира да Силва за локалните медиуми во Лисабон.