Вчера околу 20 часот на улицата „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот Р.Т. од Скопје.

Околу 19:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Чаир се слуша пукање, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од слобода е лишен Р.Т., кој бил затекнат со пиштолот.

По документирање на случајот, против Р.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава по чл.396 од КЗ.

Текстот На „Дижонска“ уапсен скопјанецот кој пукаше со пиштол во Чаир е превземен од МАКФАКС.