
Поранешниот косовски премиер Иса Мустафа за приштинските медиуми изјави дека е скептичен дали ќе се промени пристапот на ЕУ кон Косово по писмото на меѓународните политичари до САД, Велика Британија и Европската унија.
Тој посочи дека владата на Курти мора да го промени пристапот и да чека такво нешто да се случи со меѓународните сојузници.
Според него, на Косово му треба долго време за да ја врати довербата што ја изгуби од САД и ЕУ.
„Се плашам дека на Косово ќе му треба долго време да ја врати довербата на САД и ЕУ. Оваа влада ќе ги прифати и исполни сите американски и европски барања, а Косово ќе биде полошо од пред доаѓањето на Албин (Курти) и Вјоса (Османи) на власт“, рече Мустафа.
Курти го оцени како премиер со популистичка политика и дека само така ќе остане запаметен.