Напитокот од цимет и мед ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми на здрав начин, бидејќи циметот го намалува нивото на шеќер во крвта, додека медот е одличен антиоксиданс и е вистински мелем за вашиот организам.
Циметот (најдобро цејлонски или кинески) го намалува нивото на шеќер во крвта, кој доведува до зголемување на нивото на инсулин, а тој е одговорен за таложењето на масните клетки. Медот пак е одличен антиоксиданс и е вистински мелем за нашиот организам.
Рецептот за подготовка на напитокот е сосема едноставен.
Зовријте 2 децилитри вода и додадете половина мала лажичка цимет, затворете го садот и оставете го да отстои половина час. Потоа додадете мала лажичка мед и промешајте.
Поделете го напитокот на два еднакви дела, па првиот испијте го навечер пред спиење, а другиот оставете го во фрижидер да отстои преку ноќ и испијте го наутро, на празен желудник.
Оваа комбинација може да ја практикувате неограничен временски период, бидејќи не остава никакви штетни последици, а оние кои што ја пробале велат дека ефектите се видливи веќе после првата недела.