Е.Пелистер ја искористи новата шанса, го совлада Спортинг Лисабон на домашен терен со 31-25 (14-13) во последниот меч од оваа календарска година во Европската лига. Битолчани имаат скор три победи, две ремија и еден пораз по шест одиграни кола на паузата заминуваат како второпласирани.
Атмосфера во салата „Боро Чурлевски“ беше прекрасна, истата за првпат оваа сезона беше целосно распродадена.
Ракометарите на македонскиот вицепрвак имаа силна поддршка од трибините, благодарение на своите фанови се издигнаа во тешките моменти.
Најдобри кај Еурофарм Пелистер беа Стипе Мандалиниќ и Јосип Периќ со по седум постигнати гола, пред Табоада и Граџан со по четири гола. Секели собра 12 одбрани.
Кај гостите, Салвадор реализира шест пати. Вреди да се напомене дека Португалците имаа само една одбрана и тоа во последниот напад во вториот дел. Во следното коло Еурофарм Пелистер гостува кај Ним во Франција овој меч ќе биде битка за првото место.