Руското Министерство за одбрана на 12 септември тврдеше дека руските војници ја вратиле контролата врз 10 населени места претходно заземени од Украина во Курската област.
Според Кијив индипендент, изјавата следи по извештаите во кои се тврди дека Москва започнала контранапад во зафатениот руски регион, кој делумно го држат украинските сили од почетокот на прекуграничниот упад на 6 август.
Претседателот Володимир Зеленски ги потврди овие тврдења на 12 септември, велејќи дека „сè оди според нашиот план“.
Истовремено, руските медиуми јавуваат за напад со дрон во областа на воениот аеродром Олења во Оленегорск, регионот Мурманск, пренесува Укринформ повикувајќи се на Телеграм каналот Mash.
„Два дрона беа соборени на 7 километри од аеродромот Олења во Оленегорск, регионот Мурманск“, се тврди во извештајот.
Забележано е дека воздушниот простор е затворен за воздушниот сообраќај на аеродромите во Мурманск и Хибини поради закана од напади со беспилотни летала. Ова доведе до доцнење на летовите.
Подоцна, се појавија извештаи дека дојдовните летови се пренасочуваат кон Архангелск.
Според каналот Шот Телеграм, три беспилотни летала полетале во областа Мурманск од областа Архангелск. Тие беа забележани над населбата Високи.
Претходно во средата, на 11 септември, властите во руската област Мурманск пријавија напад со беспилотно летало додека била активирана противвоздушната одбрана и два аеродроми ги прекинале операциите.
Фабриката за мшини „Омсктрансмаш“ се запали во градот Омск во Русија на 12 септември, изјави гувернерот Виталиј Хоценко.
Русија го користи Омсктрасмаш за производство на воена опрема, вклучувајќи тенкови и повеќекратни ракетни фрлачи Солнцепек способни да користат термобарични боеви глави. ЕУ, САД, Украина, Канада и други земји воведоа санкции за централата.
Рускиот Телеграм канал сподели видеа на кои се гледаат облаци чад кои се издигнуваат над централата во Омск.
Според Хоценко, покривот на еден оддел наводно се запалил за време на поправките. Фабриката тврдеше дека „инцидентот не влијаел на производството“. Нема информации за жртви.
Столбови од чад се издигнуваат над фабриката Омсктрансмаш во градот Омск во Русија на 12 септември 2024 година. (12 Канал/Телеграма)
Неколку часа подоцна гувернерот тврдеше дека пожарот е изгаснат. Киjив Индипендент не можеше да ги потврди овие тврдења.
Омск се наоѓа во централен Сибир, северно од границата со Казахстан. Градот со повеќе од 1 милион жители се наоѓа на околу 3.000 километри (околу 1.860 милји) источно од Украина.
Драган Мишев