реклама

Вљубениците во здравата исхрана од целиот свет со години ја споменуваат спирулината. Оваа храна со причина се здоби со репутација на суперхрана. Тоа е сино-зелена алга која расте во слатководни езера, природни извори и океани во суптропска и тропска клима. Во местата на Централна Африка е познато со векови.

Здраво е поради корисните масни киселини, високото ниво на антиоксиданси и бројните хранливи материи. Содржи калциум, калиум и магнезиум, кои се неопходни за здравјето на мускулите, коските и срцето, додека витаминот Б е одговорен за енергијата. Има и железо, а богат е и со протеини, од кои има дури шест грама во само една лажица спирулина во прав, колку во едно јајце.

реклама

Спирулината го зголемува нивото на енергија, промовира детоксикација, помага во контролирање на апетитот и го намалува холестеролот, но може да содржи штетни токсини поради одгледувањето во водите ширум светот, од кои некои се загадени. Затоа секогаш е потребно да се провери потеклото на оваа алга пред да се консумира, пишува The Sun.

Обично се суши и доаѓа во форма на прав. После тоа се соединува со други состојки како пченица или се додава самостојно во пијалок или се комбинира со храна. Друга опција е да се консумира спирулина како додаток во форма на капсула.

реклама