Од 21 до 24 јуни во Варшава се одржа јубилејниот 10. Глобален форум за никотин, а главна тема беше намалувањето на штетите од пушењето тутун, како и придобивките и регулирањето на употребата на побезбедните никотински производи во следната деценија. За ова дебатираа над 70 експерти од областа на јавното здравство, науката, тутунската индустрија, потоа производители, потрошувачи, претставници на официјални институции, како и стотина делегати од повеќе од 80 земји во светот.
„Мислам дека „вејпингот“ ќе стане еден од најважните начини на кои луѓето го користат никотинот. Користењето на никотин нема да престане, но луѓето ќе го користат на побезбеден начин“, изјави Клајв Бејтс, светски познатиот експерт и активист за намалување на штетите од пушењето, одговарајќи на прашањето како ја гледа следната деценија во оваа индустрија.
На конференцијата беше истакнато дека над милијарда луѓе се уште користат цигари и дека оваа бројка полека се намалува. Заедничкиот став на сите учесници е дека најдобро е никогаш да не се почнете оваа навика, бидејќи од десет луѓе кои ќе се обидат, само еден успева целосно да престане.
„Треба да се тргне од фактот дека пушењето е опасно и убива повеќе луѓе отколку дрогата или алкохолот. Проблемот е што луѓето едноставно ја сакаат навиката на конзумирање никотин преку цигарите. Затоа многу луѓе не сакаат да се откажат од цигарите или имаат потешкотии да го сторат тоа, но ако го издвоиме никотинот во многу побезбедна форма, тогаш можеме да им дадеме на луѓето никотински производ кој не предизвикува болести. И тоа е основната идеја“, објаснува Бејтс.
Никотинот сам по себе не предизвикува рак, иако пушењето е една од водечките светски причини за незаразни болести. Штетата настанува од согорувањето на тутунот, бидејќи на тој начин се ослободуваат илјадници токсични материи, кои се внесуваат во организмот со вдишување на чадот од тутунот.
Бездимни алтернативи
Благодарение на развојот на науката и новите технологии, за што сведочи GFN, во последниве години дојде до развој на модерни бездимни алтернативи кои го неутрализираат овој проблем. Суштината е дека работат на принципот на загревање, а не на согорување.
Побезбедните никотински производи кои се денес во понудата се електричните цигари или вејпови, никотинските кесички, снус што се користи во скандинавските земји како што е Шведска и производите на база на загревање на тутунот.
Меѓутоа, брзиот развој и разновидноста на овие производи покренаа низа прашања од научна и социо-политичка основа, почнувајќи од тоа кој ги користи, потоа какво е нивното влијание врз стапката на пушење и борбата против чадот од тутунот, врз животната средина, дали треба да се добијат преку лекарски рецепт и друго. Токму незнаењето и недоволната информираност доведуваат до бројни контроверзии, смета Бејтс.
„Сега веќе имаме доволно информации и студии кои покажуваат дека преминувањето на алтернативи без чад донесува помал ризик. Истражувањата покажаа дека пушачот кој ќе му каже „не“ на тутунскиот чад пред 40 години од својот живот, речиси сигурно ќе се ослободи од сите ризици и опасности што класичното пушење ги донесува со себе“, вели Клајв Бејтс.
На GFN беше истакнато дека вејповите предизвикуваат 90 проценти помала штета од класичните цигари. Затоа, пушачите би требало да бидат свесни за можноста за избор на побезбедни никотински производи. Ова се однесува на оние кои само сакаат да пробаат нешто ново што нема да предизвика срцеви заболувања или рак, но посебно на оние кои сакаат целосно да се откажат од пушењето. Поради тоа, тутунските компании се трансформираат и се ориентираат кон овие производи, постојано контролирајќи го нивниот квалитет. Важно е да се купува од проверени производители. Превентивните акции дека младите, односно малолетниците немаат пристап до конзумирањето на овие производи е стандарден дел од бизнисот.
Нашиот соговорник го заврши разговорот со силна верба дека овие иновативни производи ќе ги истиснат цигарите на пазарот, токму поради нивните поголеми здравствени придобивки. Како што рече, неопходна е „вистинска мотивација“ корисниците да престанат да пушат или да се префрлат на алтернативи, бидејќи на тој начин ја донесуваат најдобрата одлука за себе. Предуслов за тоа е добрата информираност од докторите, но и од пријателите, социјалните мрежи и медиумите.
Глобален форум за никотин
Глобалниот форум за никотин (GFN) е единствената меѓународна конференција која се фокусира на улогата на побезбедните никотински производи кои им помагаат на луѓето да престанат да пушат.
Оваа конференција се одржува во континуитет од 2014 година. Еден од основачите на GFN, професорот Гери Стимсон, во неколку наврати беше говорник на годинашната конференција.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.