Капитенот на хрватската репрезентација и Реал Мадрид Лука Модриќ (39) продолжува да ги поместува границите на своето неверојатно фудбалско достигнување.
Тој синоќа во Варшава го одигра својот 182. натпревар во дресот на Хрватска во ремито 3:3 со Полска во А дивизијата од Лигата на нации.
Со таа бројка тој влезе во историјата на својата репрезентација која од осамостојувањето одиграла вкупно 363 натпревари. Ова значи дека Модриќ играл на повеќе од 50 отсто од натпреварите на Хрватска.
Тој дебитираше пред 18 години и седум месеци, на 1 март 2006 година, на пријателскиот натпревар со Аргентина.
Тогаш шанса му даде селекторот Златко Крањчар.
Интересно, од тој меч меѓу Хрватска и Аргентина, Модриќ и Лионел Меси се единствените кои се уште активно се занимаваат со фудбалот.
И двајцата треба, доколку нема непредвидени околности, да играат на Светското првенство во 2026 година.
Текстот Модриќ учествувал на повеќе од 50% од натпреварите во историјата на Хрватска е превземен од МАКФАКС.