Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ по крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид.

Договорот на Модриќ со шпанскиот тим истекува за два и пол месеци, а како што пренесува локалниот „Ас“ продолжувањето на соработката не е во оптек.

Хрватот има 39 години и веќе ги надмина сите очекувања на навивачите, кои пред две сезони сакаа тој да остане барем уште една година.

Познато е дека Реал Мадрид ретко задржува фудбалери кои се на залезот на кариерата, но Модриќ е многу заслужен што се уште е во шпанскиот тим.

Сепак, „Ас“ смета дека тоа повеќе нема да биде така.

Во иста ситуација ги ставија Лукас Васкез и Давид Алаба.

Текстот Модриќ го напушта Реал Мадрид на крајот на сезоната? е превземен од МАКФАКС.