Надежите на Шкендија загубија по втор пат од врсниците од Хајдук, вечерва во Сплит со 1-3 во реванш мечот од првото коло во младинската Лига на шампиони и со вкупни 1-5 го завршија настапот за оваа сезона во најелитно натпреварување во младинска конкуренција.
После скопските 0-2 со кои Хајдук практично си го осигура второто коло, денеска само рутински го завери пласманот, без оглед што Шкендија беше таа која најави изненадување, но радоста само кратко траеше.
Откако Меметриза Хамза во 29-та минута погоди за водство на тетовци, Хајдук набрзина одговори и до полувреме направи пресврт за да исчекори кон втората победа. Две минути по примениот гол, Мате Антуновиќ израмни, па Филип Чуиќ, кој ги даде двата гола во Скопје погоди во 40-та минута од мечот.
За да заврши со втор триумф за „билите“, Марко Бркљача на десет минути пред крајот даде трет гол за да ја запечати победата.
За Шкендија ова беше трето учество во младинската ЛШ, откако пред две години Динамо Киев ги распарчи тетовските надежи со вкупни 10-2, после убедливите 8-0 во првиот меч од двомечот, а две години претходно, Нитра со вкупни 2-1 ги елиминираше тетовските младинци (1-0, 1-1).