Тоа би можело да донесе хаос за некои знаци, но за други, ова е одличен период за промени и нови почетоци.

Што ги очекува хороскопските знаци?

Овен

Вашиот владетел Марс минува низ Шкорпија, а неговата близина, но и опозиција со Уран би можела да создаде мал хаос во вашиот живот. веројатно носите некаков товар со себе од кој сакате да се ослободите или пак сте заплеткани во енергија која не е многу позитивна. Затоа, овој транзит е одлична шанса да направите нешто за себе и да го промените тоа. Младата Месечина ја осветлува вашата осма куќа на ресурси, што ви носи трансформација на ова поле. Време е да се изборите за она што ви припаѓа.

Бик

Тешко  е да ја игнорирате темната страна од вашите односи со другите луѓе. Во вашиот живот постои одреден товар на нерешени разговори и ситуации на кои ќе морате да погледнете директно и да направите  напор да ја средите ситуацијата со луѓето кои ви значат. Дозволете се да бидете водени од инстинктот. Младата Месечина е во конјункција со Марс, а ја осветлува вашата седма куќа на партнерства и договори. Време е да излезете од токсичноста која постои на ова поле. Ја имате поддршката на Месечината, но важно е и вие самите да направите напор.

Близнаци

Вашето здравје е ваше богатство. Младата Месечина е поврзана со Марс кој исто така е во Шкорпија, а тие заеднички се присутни во вашиот сектор на добросостојба и рутина. Време е да бидете попродуктивни. Тоа не значи да работите повеќе, туку само да одредите кои се вашите приоритети и да најдете време за баланс меѓу личниот и професионалниот живот. Ако чувствувате товар поврзан со вашите здравствени навики, одговорности и обврски кон другите луѓе, ова е уште една причина да направите неопходни промени, кои ќе ви служат на долг рок.

Рак

Месечината е ваша владетелка, па ваквите нејзини циклуси често ве погодуваат највеќе. Овој период, важно е да нурнете длабоко во себе и да најдете инспирација, со цел да се изразите и да му покажете на светот што ви е важно, но и како се чувствувате. Луната ја осветлува вашата петта куќа на автентичност и изразување, така што добро е да се фокусирате на вашите страсти и интереси. Дополнително, бунтовниот Уран ви носи и малку магија во љубовните односи.

Лав

Младата Месечина ги осветлува вашите емоции и домот. Имате потреба од емоционална поддршка, припаѓање и сигурност. Во ваквиот процес,би можеле да бидете принудени да се соочите со некои потешки теми или делови од вашите корени. Но, тоа ќе ви помогне да сфатите каде припаѓате и каде се чувствувате најдобро. Опозицијата на Месечината со Уран би можела да предизвика мали проблеми во односите со претпоставените, па затоа добро е да бидете внимателни. Во ред е да бидете бунтовни, но изберете ги мудро своите битки.

Девица

Младата Месечина ја осветлува вашата трета куќа на блиски роднини и пријателства, што значи дека кога таа ги здружува силите со Марс во Шкорпија, во вас буди еден нов стил на комуникација. Имате потреба добро да се изразите, да бидете разбрани и да постигнете разбирање и поврзаност со луѓето околу вас. Нејзината опозиција со Уран би можела да ги размрда вашите верувања и вредности, но тоа само ќе ви помогне да ја пронајдете својата вистина.

Вага

За време на младата Месечина, вие поставувате важни цели и сакате да ги искористите моќите кои ги имате. Таа ја осветлува вашата втора куќа на финансии и ресурси, но  вредности што може да поттикне размислување за тоа како трошите, како ги применувате своите вредности во пракса и кои сте вистински. Ќе се потрудите да ја подобрите својата самодоверба. Но, внимавајте, опозицијата на Месечината со Уран би можела да ви донесе и мала збунетост и хаос, но сето тоа носи убави промени штом сето ова ќе помине.

Шкорпија

Младата Месечина е во вашиот знак, што значи дека вие силно ќе бидете погодени од овој транзит. За вас, оваа Месечина е лична, што значи дека ви носи можност за нови почетоци и промени во вашиот идентитет и начинот на кој се гледате себеси. Со конјункцијата со Марс, вашиот традиционален владетел, ќе бидете охрабрени да нурнете во својата психа и да поработите на подобрување на односите со другите. Не се плашете да бидете ранливи, луѓето всушност го очекуваат тоа од вас. Оваа млада Месечина е клучна точка на ова поле. Но,можни се огромни промени за вас поради нејзината опозиција со Уран, работите лесно би можеле да отидат од 0 до 100!

Стрелец

Во последно време станувате потаинствени што ги изненадува другите, а тоа дополнително ќе биде изразено со младата Месечина која ја осветлува вашата последна куќа на духовност. Со нејзината поврзаност со Марс, дополнително ќе бидете поттикнати да погледнете во себе и да направите анализа на некои несвесни начини на однесување во вашиот живот. Освен тоа, последната куќа е место каде вообичаено ги чуваме и оние работи кои веќе не ни се потребни во нашиот живот, па така, оваа млада Месечина ќе ве поттикне и да се ослободите од товарот кој го имате на своите рамења, а кој не ви е потребен. Се соочувате со внатрешна и надворешна трансформација, а тоа е одлично.

Јарец

Јарците имаат потреба да се поврзат со другите, но и да направат значајна промена во нивната заедница. Младата Месечина ќе престојува во вашата единаесетта куќа на заедници и визии и тоа во блиска средба со интензивниот Марс. Тоа значи дека оваа лунација за вас носи и нова ера на социјален живот и нови познанства. Но, во опозиција со бунтовниот Уран, ќе биде важно да обрнете внимание и на постоечките пријателства и да утврдите која е нивната вредност во вашиот живот.

Водолија

Што е она што ве води кон успехот? Младата Месечина која е во вашето поле на кариерата ќе ви го донесе одговорот на ова прашање. Ќе бидете мотивирани да работите на себе, да го подобрите својот јавен имиџ и да се изборите за она што го заслужувате. Бидете со луѓе кои ви даваат поддршка и кои ве охрабруваат и не обрнувајте внимание на вашите големи критичари, барем не за време на овој транзит. Но, со интензивниот Марс во блиска средба со Месечината, ова би можело да ви донесе и ароганција и силна самодоверба. Само избалансирајте и поставете се онака како што треба кај различни луѓе.

Риби

Младата Месечина става фокус на вашата верба и духовност. Ќе бидете охрабрени да погледнете во својата сенка и своите вредности, но и да научите важни лекции од своите изминати искуства. Ако се плашите од тоа да тргнете во нова територија, имајте на ум дека Луната е во опозиција со бунтовниот Уран што ви носи и револуција во вашата филозофија и начин на размислување. Запаметете, минатото не може да ја дефинира вашата иднина, ако вие не го дозволите тоа.