Дваесет и едногодишен маж избодел тројца вработени во компанијата за електрична енергија „Уберландверке Рен“ во Германија, соопшти полицијата.
Еден вработен е убиен, а двајца се тешко повредени во Мелрихштат, мал град источно од Франкфурт во јужна Германија, соопшти полицијата во објава на социјалните мрежи.
Според „Билд“, вработениот починал откако претрпел повеќекратни убодни рани во горниот дел од телото, вклучувајќи го и вратот.
Осомничениот, 21-годишен германски државјанин, е уапсен, потврди портпаролот на полицијата. Сè уште не е јасно каква е неговата поврзаност со компанијата или кој би можел да биде неговиот мотив за нападот.
„Грижата за повредените е наш врвен приоритет, како и разјаснувањето на точните околности на инцидентот“, изјави портпаролот на полицијата.
Текстот Млад човек упадна во компанија во Германија: уби едно лице со нож и тешко повреди уште двајца е превземен од МАКФАКС.