Младинскиот културен центар – Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) за одбележување на Меѓународниот ден на џезот ќе организира концерт во живо на Филип Динев Трио во среда на 30 април 2025 година со почеток во 22.00 часот, во кафе бар Порта Џез во Битола.

Филип Динев е македонски гитарист/композитор со интернационална кариера. Магистрант на ХФМТ Хамбург, автор и продуцент на 2 оригинални изданија – „Romann“ (2024) и „Szvetlo“ (2020).

Париз, Будимпешта, Базел, Талин, Берлин, Хамбург, Лајпциг и Дрезден се само дел од европските градови каде Динев има концeртирано. Композиторскиот печат и виртуозноста со влијание од класична, балканска и традиционална џез музика го прават Динев еден од најавтентичните гитаристи во регионот и Европа. Покрај авторските концерти, свирел и со светски имиња, како Nils Landgren, China Moses и Teemu Viinikainen.

Филип Динев – гитара/композиции

Андреа Мирчевска – контрабас

Дамјан Грујо – тапани

Влезот за концертот е бесплатен.

Овој концерт по единаесетти пат ќе ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.

Текстот МКЦ-Битола ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот со концерт на Филип Динев Трио е превземен од МАКФАКС.