Претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел го повика поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ги разгледа фактите кога станува збор за европските придонеси во воените напори на Украина, по коментарите на републиканскиот претседателски кандидат дека ЕУ мора да стори повеќе за да му помогне на Кијив.
„Не плашете се од Путин. Ние од него не се плашиме. Ајде да ги разјасниме фактите“, му порача Мишел на Трамп во објавата на социјалните мрежи.
.@realDonaldTrump, don’t be intimidated by Putin. We aren’t.
Let’s get the facts straight.
The numbers speak for themselves.
EU contribution to Ukraine: €143 billion ($150 billion).
— Charles Michel (@CharlesMichel) April 19, 2024
Доналд Трамп претходно на социјалните мрежи изјави дека не разбира зошто САД повеќе инвестираат во војната во Украина отколку во Европа, иако „ги дели океан“, потсетува Политико.
„Бројките зборуваат сами за себе. Придонесот на ЕУ за Украина е 143 милијарди евра“, одговори Мишел на критиките на Трамп.
Со години, Трамп ги обвинуваше европските сојузници во НАТО дека се потпираат на Вашингтон за да обезбеди заштита од непријателски странски сили и ги притискаше да инвестираат повеќе во одбраната.
Членките на ЕУ ветија дека ќе обезбедат околу 144 милијарди евра воена и финансиска помош за Украина, но одвоија само околу 77 милијарди евра за испорака, наведува германскиот институт Кил, кој собира национални придонеси за воените напори на Киев.
Според податоците на институтот Кил, САД се обврзаа да одвојат околу 68 милијарди евра вкупна помош и издвоија околу 66 милијарди евра за испорака, што, според Политико, Вашингтон испратил малку поголема воена помош за Украина отколку Европа.
Претставничкиот дом на САД викендов се очекува да гласа за помошта од 61 милијарда долари за Украина, на што Трамп се противи и чија испорака со месеци беше блокирана од републиканците во Конгресот.