Грција очигледно е дека има оружја и не мислам на оружјата што произлегуваат од самиот Договор, но најголемото оружје со кое располага е тоа што е „надзорник“ на европскиот тек на Скопје. И факт е дека не може да има никаков пристап до Европа, ниту чекор, ако не се реши прашањето преку јасна изјава на раководството на соседната земја дека ова е името на државата и важи за сите. Односно да се повтори очигледното, она што го имаат потпишано. Не бараме ништо различно. Pacta sunt servanda, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за ТВ Скај, јави дописничката на МИА од Атина.
Во интервјуто за централното вечерно издание на вестите на грчката телевизија, Мицотакис посочи дека во конкретното прашање „Грција не е сама и има поддршка од цела Европа“, а грчката „позиција е апсолутно разбирлива“.