Глас за помалите партии е глас за Зоран Заев, бидејќи така се ситни опозицијата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Свети Николе.

Мицкоски до оние кои досега бојкотирале и не го давале гласот за ниедна партија им порачува да не дозволуваат да пропадне нивниот глас.

„Некогаш неодговорната власт не е само последица на лошите особини на челните луѓе и првенците на власта, туку и поради игнорирањето и незаинтересираноста на добрите луѓе да учествуваат во политиката, тоа се луѓето кои одбрале да молчат кога требало да бидат гласни, да викаат, изјави Мицкоски.

Мицкоски ги повика да излезат за да се уверат дека не се сите исти, дека ВМРО-ДПМНЕ се бори за подобра иднина и против криминалот на Зоран Заев, затоа што останувањето дома не вродува со плод.