Португалскиот првак Порто успеа да му откине бод на европскиот првак Барселона откако одигра 33-33, иако може да жали што не победи бидејќи имаше плус седум.
Македонскиот репрезентативец Никола Митревски немаше голема минутажа, влезе во финишот и одбрани два шута на ривалите.
Но сепак и тоа беше доволно, една од нив да биде избрана за најдобра на колото во Лигата на шампионите.
Веќе стана навика македонскиот голман да биде секоја недела во изборите на ЕХФ, а најдобрите голмански интервенции, меѓу кои и онаа на Никуч, може да ги погледнете на следниот ЛИНК.