Иако звучи неверојатно, највалкана работа во куќата е кујнскиот сунѓер, тој е повалкан и од даската на тоалетната школка и кантата за отпадоци, покажа истражување кое одамна го спроведе Филип Тјерно, клинички професор по микробиологија и патологија на њујоршкиот универзитет.
-Сунѓерот има многу дупки во кои се задржуваат сите валкани нешта при чистењето, па дури и непосакуваните микроорганизми. При миењето на садови, парчиња храна остануваат заглавени во дупките од сунѓерот, а бидејќи сунѓерот останува мокар и полека се суши, на секои 20 минути се развива некоја нова бактерија, и на измиените чинии, ако се мијат со валкан сунѓер, се таложат бактерии бидејќи водата и течноста за садови не ги уништува. Затоа би требало сунѓерот по користењето да го дезинфицирате, рече овој експерт.
За дезинфекција најпогодни се избелувачите со хлор, средството се меша со вода во однос 1:9 и сунѓерот се става во мешавината од 10 до 30 секунди, а може и подолго. На тој начин ќе се уништат сите микроорганизми. Сунѓерот потоа се вади, се цеди и се остава да се исуши.
Исто така, бактериите можат да се отстранат и ако сунѓерот се потопи во чиста вода, па да се стави во микробранова печка се додека водата не зоврие, потоа се цеди и се остава да се суши.
Идеално за сунѓерот е по миењето на садовите да го менувате на десет дена, а притоа да го дезинфицирате секојдневно.