Министрите за надворешни работи на групата седум најразвиени земји (Г7) ги осудија неодамнешните најави на Русија за стационирање нуклеарно оружје во Белорусија како „неприфатливи“ и ја повикаа Кина да дејствува како одговорна членка на меѓународната заедница.

Advertisements

Во соопштението за медиумите, на крајот од тридневниот состанок во јапонското одморалиште Каруизава, министрите нагласуваат дека во центарот на вниманието на средбата биле руската воена интервенција во Украина и стравот од слични акции на Кина против Тајван.

„Неодговорната нуклеарна реторика на Русија и нејзината закана да распореди нуклеарно оружје во Белорусија се неприфатливи. Секоја употреба на хемиско, биолошко или нуклеарно оружје од страна на Русија ќе биде проследена со тешки последици“, велат тие.

Прикажи повеќе