Министерството за здравство ja одбра компанија „Винора“ ДООЕЛ од Скопје која ќе го поставува компресорскиот систем на хируршките клиники во Скопје.
Во штурото соопштение кое го испрати Министерството за здравство не пишува за што е избрана оваа фирма, ниту пак е наведено за која сума компанијата ќе ја прави инсталацвијата и монтажата на опремата.
Министерството за здравство информира дека е донесена Одлука за избор на најповолна понуда. Договорот ќе биде потпишан во наредниот период, согласно законските рокови. Инсталацијата и монтажата на опремата треба да се изврши во рок од 4 (четири) месеци, сметано од денот на склучување на договорот, согласно објавените услови во тендерската документација и објавениот оглас“, се вели во соопштението од МЗ.
Винора ДООЕЛ е позната како фирма која се занимава со продажба на високо квалитетна медицинска опрема, а воедно го покрива и нејзиното сервисирање. Исто така, фирмата опфаќа и дел од стерилизација, како и монтажа на медицински технички гасови. Со својата дејност на дејствување, фирамата нуди опрема во доменот на анестезија, респираторна поддршка, целосно опремување на операциони сали, опрема за оддели на неонаталогија, стерилизација и инсталација на медицински гасови. Винора со својата програма е исто така ориентирана на клиентите да им понуди комплетно решение за опремување на болници. Таа е водечка фирма во делот на проектирање, изведба и одржување на системи за снабдување со медицински гасови и вакуум во здравствените институции ширум земјата“, пишува на веб сајтот на „Винора“.
Компанијата е основана во 1997 година и е лоцирана во непосредна близина на Клиничкиот центар Скопје и Министерството за здравство.
Хируршките сали на Клинички ќе почнат нормално да функциониораат дури идната година, изјави вчера министерот за здравство Арбен Таравари.
Како што кажа вчера Таравари, во хируршките сали веќе не се чувствувал мирис.
Ова ми го велат колегите што работат таму. Хируршки сали функционираат добро генерално на сите клиники. Постојат неофицијални информации дека во операционите сали е пронајдена мала концентрација на формалдехид, изјави Таравари вчера.
Централниот систем за кислород и компримиран воздух во хируршките сали во Клиничкиот центар е надвор од функција од 18 мај поради непријатниот мирис што се ширел од него. Неколку дена подоцна тогашната заменик-министерка за здравство Маја Манолева донесе наредба сите хируршки клиники во Клиничкиот центар во операционите сали да почнат со работа со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.