Министерот за здравство Беким Сали викендов ги посети ковид центрите во Кавадарци и Тетово за да им даде поддршка за побрзо закрепнување на хоспитализираните пациенти.
Министерот наедно го пофали и трудот на здравствените работници кои се спарвуваат со епидемијата.
Здравствените работници во овој, како и во останатите ковид центри го вложуваат својот максимум за да им помогнат и соодветно да ги згрижат болните. Заедно со нив уште еднаш испраќаме апел за важноста на вакцинацијата, која е од несомнено големо значење во намалувањето на последиците од вирусот и заштита на здравјето на населението, изјави министерот Сали по посетата во Кавадарци.
Денеска на агендата на сали беше инфективното одделение во Клиничката болница во Тетово, каде се лекуваат 14 пациенти.
Само во текот на денешниот ден амбулантски се прегледани 52 пациенти. Медицинскиот персонал ме информираше дека иако бројот на болни во изминатите денови е зголемен, охрабрува фактот што поголемиот дел од нив се со поблага клиничка слика, напиша Сали.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.