Во периодот од 29 ноември до 5 декември тестирани се вкупно 16.948 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,8 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.275 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 17,3 отсто во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 7,8 отсто до 19 отсто, просечно 13,1 отсто. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.000; 43,9 отсто), со неделна инциденца – 157,7/100.000. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово 324,6/100.000, се наведува во извештајот што денеска на својата веб страницата го објави Институтот за јавно здравје.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на
лица на возраст над 60 (n=521, 22,9 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=92; четири отсто). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.215 (53,4 отсто) лица од женски и 1.060 (46,6 отсто) од машки пол.
Со статус „оздравени“ се стекнале 2.540 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 40 реинфекции, со намалување од 9,1 отсто во
однос на претходната недела.
Пријавени се 68 смртни случаи во 18 градови во текот на изминатата недела, со намалување од 30,6 отсто во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (27). Во однос на возраста, најголем број (n=54; 79,4 отсто) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50 до 59 години (10), од 40 до 49 години (1) и од 30 до 39 години (3), стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.