Фудбалерот на Реал Мадрид, Едер Милитао во вторникот успешно го оперирал повреденото колено. Прогнозите се дека тој на терените ќе се врати за девет месеци.

„АС“ објави дека операцијата поминала добро. Милитао, пред 10 дена против Осасуна ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено.

Се очекува 26-годишниот бразилски фудбалер да се шојави на подготовките на Реал за следната сезона.

Милитао го пропушти поголемиот дел од минатата сезона откако ги скина лигаментите на левото колено. Тој се врати на терените во март и учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и титулата во Ла Лига.

Реал во јануари сигурно ќе излезе на пазарот и ќе бара нов стопер. Според медиумите во комбинација се Лапорт, Та и Лукеба.

Текстот Милитао успешно опериран, се враќа за девет месеци е превземен од МАКФАКС.