Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ја пофали играта на неговите избраници кои вечерва во Ереван ја декласираа Ерменија со 5:0.
– Никој освен нас самите не веруваше дека по поразот во Скопје од Германија со 0:4, ќе се вратиме на ваков начин и дека ќе победиме во Ереван. Моите фудбалери покажаа дека располагаат со голем потенцијал и заслужуваат честитки. Критиките, посебно ако се добронамерни ни помагаат, во спротивно уште повеќе не мотивираат. Одиме понатаму, ни следува Исланд на домашен терен и сите мисли ни се насочени на тој меч, истакна Милевски на прес-конференцијата по вечерашниот натпревар со Ерменија.
Македонската репрезентација по вечерашната победа ги задржа шансите за пласман во баражот за Светското првенство 2022.