Ливерпул ја оствари и шестата победа во групната фаза од Лигата на шампионите и го урна сонот на Милан за пласман во нокаут фаза од елитното европско натпреварување.
Англискиот тим славеше со 1-2 на „Сан Сиро“ со головите на Мохамед Салах и на Дивок Ориџи, откако Фикајо Томори донесе предност за Милан.
Атлетико Мадрид се протна како второпласиран од групата Б во осминафиналето совладувајќи го Порто на гости со 1-3.
Реал Мадрид го потврди првото место на табелата во групата Д откако го совлада Интер со 2-0 на „Сантијаго Бернабеу“. Тони Крос со прекрасен шут од 25 метри донесе водство, Интер остана со играч помалку по исклучувањето на Николо Барела, а Марко Асенсио со фантастичен гол стави точка на триумфот на „кралевите“.
Ајакс со максимални шест победи го комплетира групниот сегмент откако славеше над Спортинг Лисабон со 4-2 во Амстердам. Халер, Ентони, Нерес и Берхуис беа стрелци за холандскиот тим. Спортинг Лисабон сепак патува во осминафиналето како второпласиран во групата.
Борусија Дорнатмунд за утеха ќе игра во Лигата на Европа, а во последниот меч го декласира Бешикташ со 5-0. Мален ја отвори серијата голови, а по двапати стрелаа и Марко Ројс и Ерлинг Халанд.