Меѓународниот кривичен суд денеска издаде налог за апсење на поранешниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу, како и на високиот руски генерал Валериј Герасимов, началник на Генералштабот, за извршени воени злосторства во Украина, пренесоа светските агенции.
Издадени се налози за нивно апсење, јавува Си-ен-ен, за наводни меѓународни злосторства, воени злосторства и злосторства против човештвото.
Двете потерници го зголемуваат вкупниот број на потерници за највисоки руски функционери за воени злосторства на четири, бидејќи МКС претходно издаде налози за апсење на претседателот Владимир Путин и руската функционерка Марија Лвова-Белова за наводна шема за депортирање на украински деца во Русија.
Русија, пак, не е потписник на т.н Римскиот статут, што значи дека одлуките на МКС не се правно обврзувачки за неа.