Како што е познато билетите за натпреварот Македонија – Германија од квалификациите за Светското првенство 2022. се распродадени веќе од пред три дена
УЕФА го делегираше судијата за натпреварот кој се игра утре на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје со почеток од 20:45 часот.
Честа да ја дели правдата на мечот помеѓу Македонија и Германија ја доби Холанѓанецот Дани Макели како главен судија.
Помошници ќе му бидат сонародниците Хесел Штигстра и Јан де Врис. Четврти судија ќе биде Сандер Ван Дер Ајк, а во ВАР-собата исто така ќе има холандски судии, Кевин Блом и Клеј Руперти.
Да потсетиме истиот судија Макели ја делеше правдата не мечот од плеј-офот од Лига „Д“ во Лигата на нации против Косово кога Македонија славеше.