Американскиот актер Метју Меконахи (55) откри зошто по долго време престанал да снима романтични комедии, и покрај големиот успех во жанрот.
Во интервју за „Гардијан“, Меконахи признава дека иако филмовите како „Планер на венчавки“, „Како да изгубиш дечко за 10 дена“ и „Духовите на поранешните девојки“ му донеле популарност, не се чувствувал исполнето.
„Бев добар во нешто што не го сакав“, вели тој.
По последната романтична комедија во 2009 година, решил да направи пауза и да чека посериозни улоги. Поддржан од сопругата Камила Алвес, одбивал понуди, иако, како што вели, неговите браќа постојано го прашувале „што не е во ред со него“.
По речиси две години чекање, Меконахи доживеа препород на кариерата – улоги во Вистински детектив, Интерстелар и Клуб на купувачи во Далас (за кој ја доби и Оскаровската статуетка) го вратија на мапата на сериозна драма. Тоа новоразвиено поглавје во неговата кариера критичарите го нарекоа McConaissance.
„Сакав работата да ми биде важна исто како и животот. Тоа ми требаше,“ вели актерот, кој додава дека одлуката да се повлече од романтичните комедии била ризична, но клучна за да ја пронајде новата страст во глумата.
Иако никогаш целосно не ги напуштил шармантните улоги, Меконахи денес вели: „Сега навистина се забавувам.“
Текстот Метју Меконахи откри зошто престанал да снима романтични комедии е превземен од МАКФАКС.