Макс Bерстапен излезе како победник во трката за Големата награда на Австралија, која заврши хаотично и со присуство на сигурносното возило до пред самото минување на целната линија, но xоланѓанецот би можел да го загуби триумфот на „зелена маса“.

Advertisements

Челниците на „Мерцедес“ поднесоа жалба, која ако се усвои ќе значи казна за актуелниот светски шампион, а со тоа и драстичен пад во пласманот бидејќи сите болиди речиси заедно ја минаа целта. Причина за ова е грешката на Ферстапен при вториот рестарт на трката, кога не бил добро наместен на линијата за старт, односно бил понапред од дозволеното. На претходната трка во Саудиска Арабија за ваков идентичен прекршок беа казнети Фернандо Алонсо и Естебан Окон, а од германскиот тим очекуваат ФИА да го задржи критериумот.

Во случај на усвојување на жалбата, победник би бил Луис Хамилтон од „Мерцедес“ додека второпласиран би бил Фернандо Алонсо. Доколку сѐ остане како што е, тоа ќе биде 37-ма победа за холандскиот возач, со што ќе дојде на само четири победи од успехот на легендарниот Бразилец Аиртон Сена на петтото место на вечната листа. Покрај тоа, Bерстапен (25 години) веќе има и 80 пласмани на подиумот во кариерата./Sport1.mk/

Прикажи повеќе