Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарава, ја коментираше изјавата на германскиот канцелар, Фридрих Мерц, за конфликтот меѓу Иран и Израел.

Во интервју за јавната телевизија ZDF, Мерц рече дека Израел врши „валкана работа“ за целиот Запад со напаѓање на Иран, додавајќи дека има големо почитување кон Израел за неговата храброст да го стори тоа.

Тој, исто така, нагласи дека би било добро ако иранскиот режим заврши.

„Се справуваме со терористички режим, и внатре и надвор. Би било добро ако овој режим заврши“, рече германскиот лидер.

Мерц доби одговор од Русија.

„Мерц за конфликтот на Блискиот Исток рече: ‘Ова е валканата работа што Израел ја прави за сите нас’. Најстрашната фраза што некогаш сум ја слушнала. Ова го кажува потомок на нацистите, чиј дедо, Јозеф Пол Совињи, кога бил градоначалник на Брилон за време на Третиот рајх, ги именувал улиците по Хитлер и Гебелс“, напиша Захарова на Телеграм.

Таа спомена дека Јоаким Мерц, таткото на сегашниот германски канцелар, исто така, се борел против Црвената армија како член на Вермахтот.

„Истата Црвена армија што ги спаси затворениците од концентрационите логори од она што подоцна ќе се нарече Холокауст“, рече таа.

Текстот Мерц: Израел ја врши валканата работа на Западот; Захарова: Мерц е потомок на нацисти е превземен од МАКФАКС.