Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во Атина, во нејзината последна официјална посета на Грција. Во интервју за грчките медиуми во септември, канцеларката призна дека „најтешкиот момент од нејзиниот мандат бил кога барала толку многу од Грција“. На крајот од 16-те години на функцијата канцеларка, обележани со грчката должничка криза и мигрантската криза, Меркел се врати во Грција на националниот празник, денот кога Грците му кажаа „не“ на нацизмот за време на Втората светска војна.

Advertisements

Прикажи повеќе