Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека намерно не го прочитал писмото што му го предаде украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера.
Зеленски за време на состанокот во Овалната соба му даде на Трамп писмо од неговата сопруга, адресирано до Меланија Трамп.
Ова се случи откако првата дама на Соединетите Американски Држави му напиша писмо на Путин.
Зборувајќи за писмото на Олена Зеленска, Трамп изјави за „Фокс њуз“ дека било запечатено. „Меланија ми рече дека е апсолутно прекрасно писмо“, рече тој.
„Сигурен сум дека е прекрасно писмо“.
Текстот Меланија ми рече дека е апсолутно прекрасно – Трамп за писмото што му го предаде Зеленски е превземен од МАКФАКС.