Најмалку 53 мигранти загинаа во сообраќајна несреќа со два камиони во државата Чајапас во јужниот дел на Мексико, јави ДПА.
Несреќата се случила кога приколката од едниот од двата камиони кои учествуваа во несреќата се извртела на опасна кривина надвор од градот Тукстла Гутиерез, соопшти шефот на агенцијата за цивилна заштита во Чиапас, Луис Мануел Гарсија.
Во несреќата се повредени стотина лица.
Гарсија, рече дека, според очевидци, камионот возел пребрзо во острата кривина.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на Твитер напиша: „Длабоко жалам за трагедијата предизвикана од превртувањето на приколката во Чиапас во која се превезуваа мигранти од централна Америка. Тоа е многу болно“.