Градоначалникот на мексиканскиот град Чилпансинг е убиен само неколку дена по преземањето на функцијата, пишува Скај Њуз.
Алехандро Аркос минатиот понеделник положи заклетва како градоначалник на Чилпанцинго, главниот град на државата Гереро, каде што се наоѓа Акапулко.
Областа долго време е зафатена со насилство поради криминалните банди и дрогата.
Nacional | Despiden a alcalde de Chilpancingo asesinado y decapitado.
Chilpancingueños acompañaron el Cortejo fúnebre del alcalde Alejandro Arcos Catalán, quién salió de la iglesia de la Santa Cruz hacia la catedral de la Asunción de María. pic.twitter.com/McjGhVonOk
— 4C News (@4CNewsMx) October 8, 2024
Непроверени извештаи велат дека Аркос бил обезглавен. Полицијата не потврди никакви детали за неговата смрт, но снимката од местото на настанот во Чилпансинг објавена на социјалните мрежи покажува отсечена глава на градоначалникот и на покривот на џип.
„За неговата загуба жали целата заедница на Гереро. Ние сме исполнети со бес“, рече гувернерката на Гереро Евелин Салгадо.
Државното правобранителство соопшти дека го истражува убиството на градоначалникот. Последното насилство дојде само три дена откако беше убиен секретарот на новата градска влада, Франциско Тапија.
Текстот Мексиканскиот градоначалник убиен неколку дена откако дојде на власт е превземен од МАКФАКС.