Рускиот тенисер Данил Медведев го прогласи Шпанецот Рафаел Надал за фаворит на Австралија опен уште по првото коло на турнирот во Мелбурн.

– Мислам дека фаворит е тој што располага со сè пред сите во рангирањето. Ќе го изберам Рафа бидејќи има 20 грен слем титули, изјави за „Eurosport.co.uk“.

Надал и Медведев победија во првото коло на Австралија опен.

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ беше прв фаворит на турнирот, но беше депортиран од Австралија, па сега со поголеми шанси за трофејот се неговите конкуренти.