Вчера во Скопје, на улицата Васил Ѓорѓов, се случи сообраќајна несреќа помеѓу „фолксваген голф“ и електричен тротинет управуван од 13-годишно девојче.

Возачот на автомобилот по несреќата го напуштил местото на настанот. Малолетничката се здобила со тешки повреди, додека нејзината 12-годишна сопатничка добила телесни повреди.

Двете се пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Полицијата изврши увид и презема интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

Текстот МВР трага по возач кој со автомобил удри во девојчиња на тротинет и побегна од местото на несреќата е превземен од МАКФАКС.