Килијан Мбапе е под знак прашалник за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу Атлетико и Реал. Реал Мадрид ќе го брани водството од 2-1 од првиот натпревар против градскиот ривал, но можно е тоа да биде без својот најдобар стрелец.
Мбапе претрпе удар во зглобот на натпреварот против Рајо Ваљекано овој викенд и утре ќе биде подложен на тестови за да се утврди дали може да игра против Атлетико. Поради гореспоменатите проблеми со зглобот, Мбапе воопшто не тренираше во понеделникот, додека во вторникот работеше индивидуално.
Мбапе има одлична дебитантска сезона за Реал Мадрид. Французинот веќе постигна 29 гола на 42 натпревари и е најдобар стрелец. Мбапе е исто така на добар пат да стане рекордер на Реал во својата дебитантска сезона, бидејќи актуелниот рекордер Иван Заморано постигна 37 гола во својата прва сезона.
Текстот Мбапе е повреден, неизвесен е за реваншот со Атлетико е превземен од МАКФАКС.