Компанијата „Мајкрософт“ по 27 години ќе престане да обезбедува техничка поддршка за најновата верзија на пребарувачот „Интернет експлорер 11“. Ваквата одлука стапува на сила од 15 јуни.
„Експлорер“ првпат се појави 1995 година како дел од „Виндоус 95“. Тоа некогаш беше најкористениот интернет-пребарувач, а врвот го достигна во 2003 година со 95 отсто удел на пазарот. Сепак, неговата употреба беше значително намалена со лансирањето на „Фаерфокс“ (2004), „Гугл хром“ (2008) и зголемената популарност на мобилните оперативни системи како Андроид и ИОС кои не поддржуваат „Интернет експлорер“.
Во 2016., Мајкрософт престана да го развива „Експлорер“ на сметка на својот нов прелистувач, „Еџ“.
Компанијата пред повеќе од една година објави дека прелистувачот ќе биде отстранет од повеќето верзии на „Виндоус 10“ и „11“, објавени од минатата година.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.