Познатиот американски кошаркар Мајкл Џордан моментално престојува во Хрватска, каде што е на одмор со сопругата Ивет Прието и пријателите. НБА легендата беше снимена додека шеташе во Дубровник и го привлече вниманието на минувачите, пренесе „Инекс“.
По посетата на Скрадин и Националниот парк Крка, познатиот кошаркар отишол во Хвар. Џордан ручал и уживал во друштвото на пријателите и опуштената атмосфера, а интересно е што тој носи своја текила со себе и само неа ја пие.
На свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, која се одржува во Венеција, присуствуваат бројни познати личности, а еден тиктокер направи фотографија од јахтата на Мајкл Џордан наречена М’Брејс, вредна околу 115 милиони долари, поради што многумина помислија дека тој ќе се појави на свадбата на славниот пар.
Мајкл Џордан последен пат ја посети Хрватска во август 2021 година.
Текстот Мајкл Џордан на прошетка во Дубровник е превземен од МАКФАКС.