Пинат (Кикирика) од Линколн, Велика Британија, стана редовен посетител на пабот оддалечен повеќе од 50 километри, откако двапати сам се упатил во Нотингем – во рок од само еден месец.

Овој љубопитен мачор пред една година предизвикал вистинска паника кај своите сопственици кога исчезнал и завршил во пабот во јули, а потоа повторно во август.

„Не можам да му замерам. Ако јас побегнев од дома, паб би било одлично место за почеток на таква авантура,“ изјави сопственичката Чарли Ролингс.

Кикирика бил двапати вратен дома од страна на своите сопственици откако бил пронајден во пиварницата.

Госпоѓа Ролингс, која го вдомила чипираниот мачор во ноември, рече дека првпат исчезнал три недели по 3 јули.

За BBC Radio Lincolnshire изјави:

„Никогаш претходно не исчезнал, никогаш не одел далеку од дома, па не можевме да поверуваме каде отишол. Не повикаа од ветеринар и кога ни кажаа каде е, прво помисливме дека можеби го удрил автомобил.“

Таа претпоставува дека Кикирика „влетал во нечие комбе или автомобил“, додавајќи: „со него се случиле и почудни работи.“

По второто исчезнување на 27 август, Чарли сфатила дека решителниот Кикирика повторно го пронашол патот назад.

„Се појави во пиварницата дури во петокот, па почнувам да верувам дека можеби оди пеш. Дефинитивно е многу бестрашен мачор и точно знае што прави,“ вели таа.

Во пиварницата Пинат добил и прекар – Скрич, по едно од нивните пива.

„Ќе мора да го впишеме во програмата за лојалност ако продолжи вака. Прекрасен е, малечок и многу гласен. Го нарековме Скрич затоа што прво го слушаш, па дури потоа го гледаш,“ изјави Џесика Колинс, менаџерка на пиварницата.

Колинс додаде дека кога се затвора пиварницата, Кикирика оди до пабот „Vat & Fiddle“, кој се наоѓа во истиот комплекс. Нејзината теорија за неговото второ појавување е дека можеби одел по шините.

Интересно, при првото исчезнување мачорот се појавил дури по една недела, но вториот пат стигнал за само три дена.

„Изгледа дека сега совршено го знае патот. Секогаш е добредојден, но сепак се грижиме за него,“ заклучува Колинс.

Текстот Мачор авантурист – Кикирикa повторно се појави во паб оддалечен на 50 километри од дома е превземен од МАКФАКС.