Ако сакате мафини, ќе го обожавате овој рецепт

За помала доза, потребно е:

2 јајца
2 лажици шеќер
75 гр брашно
1/2 прашок за пециво
3 лажици сок од лимон
кора од лимон
2 лажици маслиново масло

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќер, додајте брашно со прашок за пециво, сок од лимон, кора од лимон и маслиново масло.

Полека изедначете со шпатула. Ставајте со лажица во калапи за мафини. Печете на 200 степени околу 30 минути.

Кога малку ќе се изладат, извадете и посипете ги со шеќер во прав или прелијте го со чоколадо.