Капитенот на Бразил, Маркињос им се извини на навивачите за поразот од Аргентина (1:4) во 14. коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство, што во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Аргентина е на првото место на табелата со 31 бод и обезбеди пласман на СП 2026 на четири кола до крајот на квалификациите. Бразил е на четвртото место со 21 бод.

„Тоа што го направивме не смее да се повтори. Тешко ми е да зборувам бидејќи сè уште сме под импресии… Штета. Натпреварот го започнавме многу лошо, далеку под тоа што можеме, а тие беа полни со самодоверба. Знаеа да играат паметно… Им се извинувам на нашите навивачи”, изјави Маркињос, пренесуваат бразилските медиуми.

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор, има само седум победи од 16 натпревари со националниот тим. Тој ја презеде репрезентацијата на Бразил во јануари 2024 година.

„Не постои тајна формула во фудбалот каде се донесува одлука и се се извршува како што треба. Сите можеме да играме подобро. Мораме да ја споделиме вината“, истакна Маркињос.

Бразил во следното коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година ќе игра против Еквадор.

Текстот Маркињос: Резил, им се извинувам на нашите навивачи е превземен од МАКФАКС.